Иако поминаа неколку дена од свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, се уште се сумираат впечатоците, а медиумите не престануваат да пишуваа за свадбата на деценијата.
Меѓутоа, сега се огласија и тазе сопружниците и го прокоменитраа својот најважен ден во животот. Имено, во изјава за „Хело“ прво Вељко ги сподели впечатоците, а потоа и Богдана со една реченица ја опиша својата свадба.
„Пресреќен сум, се трудевме максимално да ги испочитуваме српските обичаи и драго ми е што успеавме во тоа. Сите уживавме. Ако морам да го опишам со еден збор, тогаш тоа е соврешно“ вели Вељко, а Богдана додава:
„Мислам дека тоа е најдобриот опис на нашата венчавка. Уживавме секој момент,посебно во веселбата со најдрагите луѓе која траеше до раните утрински часови“ вели Родиќ за „Хело“.
По свадбата, парот одлучи да живее во вилата на Цеца, а следната година ќе станат родители на првото дете односно син.