Деновиве се снимаше новогодишните емисии на ДМ САТ телевизија каде што како и секоја година домаќинка е Драгана Мирковиќ.
Пејачката љубезно ги пречекала своите колеги, но и новинарите на кои трпеливо им одговарала на прашања.
Меѓутоа, Мирковиќ посебно се израдувала кога на снимањето се појавила и нејзината помлада колешка Сара Рељиќ.
Драгана љубезно се поздравила со Сара, ја прегрнала и пред сите прокоментирала:
„Таа е мое дете….од „Пинкови ѕвезди“.
За потсетување, пред некоја година Драгана беше дел од жирито на музичкото шоу каде што ги бодреше кандидатите и им даваше максимална поддршка. А дали Сара ќе ја наследи Мирковиќ или ќе има барем половина успешана кариера како пејачката, останува да видиме.
Инаку, добро е познато дека Мирковиќ не ги експонира своите деца во јавност.