Радио Милева

Заедно со цела српска естрада, македонската фолкерка „на гости“ кај Драгана Мирковиќ (фото)

Заедно со цела српска естрада, македонската фолкерка „на гости“ кај Драгана Мирковиќ (фото)

Иако останува нешто повеќе од еден месец до крајот на старата и почетокот на новата година, веќе се чувствува новогодишна еуфорија. Имено, главната метропола веќе е украсена со новогодишни сијалички, а во продавниците и големите маркети наголемо се продаваат новогодишни украси.

Некои од македонските јавни личности веќе ги украсија новогодишните елки и го покажаа новогодишниот амбиент во домот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/adelina-tahiri-prva-se-podgotvi-za-novogodishnata-euforija-foto/

Од друга страна, јавните личности кои ќе настапуваат за Нова година веќе со месеци однапред го имаат закажано својот настап, а телевизиите во регионот започнаа со новогодишни снимања.

Имено, сопственичката на ДМ САТ, Драгана Мирковиќ традиционално ги собра естрадните уметници за снимање на новогодишните емисии.

Како добар домаќин, Драгана  ги угости своите колеги во еден ресторан каде што се снимаа емисиите, а за присутните имаше и торта.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓу целата српска естрада на новогодишното снимање се најде и македонската фолкерка Сања Цинцева Барби која за гледачите на „ДМ САТ“  ја отпеја песната „Ја могу све“, а за оваа прилика облече црн фустан со високи чизми.

фото: Инстаграм

Македонската фолкерка престојот во Србија и снимањето на новогодишната емисија го искористи и за да се дружи со своите колеги, а тој момент го овековечи со неколку заеднички фотографии.

Прво, Сања се фотографираше со главната домаќинка, Драгана Мирковиќ, а оваа фотографија ја сподели на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Не изостанаа ни „селфињата“ и со Нада Топчагиќ, Џеј Рамадановски, Аца Лукас….

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
To top