Радио Милева Никој не забележа...

Цеца на свадбата на синот Вељко си покани и двајца од бившите љубовници, а едниот со неа заигра и коло (ФОТО)

Цеца на свадбата на синот Вељко си покани и двајца од бившите љубовници, а едниот со неа заигра и коло (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ го покани моделот и манекен Александар Јововиќ, инаку нејзино поранешно момче, на свадбата на нејзиниот син Вељко. Александар, кој неколку месеци беше во врска со Цеца, дојде на свадбата на синот на пејачката во друштво на свои пријатели и видно расположен се забавуваше на свадбената веселба, па дури во одреден момент стана и заигра коло.

Имено, кога Цеца ги повика трубачите и со звуците на нивните труби го поведе колото, нејзиното поранешно момче стана од своето место и се фати во колото, па и тој заигра со неа.
Иако не покажа којзнае каква фолклорна умешност, Александар не се откажа, па продолжи да потскокнува и цупка, се додека додека музиката не престана да свири.

Александар Јововиќ и Цеца Ражнатовиќ се запознаа при снимањето на видеото за песната „Добро поминав“, а тие потоа беа заедно, во неколкумесечна љубовна врска.

Но, меѓу стотиците гости на свадбата Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ во хотелот Хајат, манекенот не беше единствениот бивш љубовник на Цеца.

Имено, меѓу поканетите званици беше и поранешниот фудбалер и бивш претседател на ФК „Црвена звезда“, Владан Лукиќ, кој на свадбата се појави со својата сопруга.

Пред да станат големи пријатели, Лукиќ и Цеца беа во љубовна врска.

To top