Само еден месец откако ја раскина петгодишната врска со Ајзак Керју, пејачката Дуа Липа се впушти во нова љубовна авантура со братот на славните манекенки, Бела и Џиџи Хадид, Анвар.
Тој исто така се занимава со манекенство, а вчеравечер првпат заедно се појавија на црвениот килим од „American Music Awards“.
Очигледное дека се многу заљубени, двајцата не ги тргнаа насмевките од лицето, а разменија неколку страствени бакнежи.
Освен што изгледаат заљубено, двајцата модно се надополнуваа.
Дуа Липа носеше розов фустан со црна машна, а и Анвар изгледаше одлично во црното одело кое го искомбинирал со Iron Maiden маичка.