Радио Милева фото носталгија...

Дел од македонските познати фаци како по договор во ист ден објавија фотографии од минатото: Жал за младоста или… како се видоа себе си пред многу години (ФОТО)

Дел од македонските познати фаци како по договор во ист ден објавија фотографии од минатото: Жал за младоста или… како се видоа себе си пред многу години (ФОТО)

Годините минуваат, животот тече, работите се менуваат… „Панта реи“ – како што впрочем вели старата латинска поговорка. Затоа одвреме-навреме сите ние, па очигледно и тие, јавните личности во Македонија, знаеме да се навратиме на минатото низ, муабети или прошетка по спомените преку она што сме го овековечиле во времето: старите фотографии или поретко видеа.

Секој од нас има албуми со фотографии од детството, тинејџерските денови, младоста… И најчесто овие наши слики како икони ги чуваме, за навека да не потсетуваат кои, што и какви сме биле некогаш… Вечни спомени што остануваат за нас, но и за генерациите што дошле или допрва доаѓаат по нас!

Е токму извадени од старите албуми,  дел од македонските познати фаци како по договор објавија фотографии од минатото  во ист ден. Носталгија по младоста или за да се потсетат и искоментираат како се видоа себеси денес, од пред многу години.

Така, сестрите-близначки Сариќ, некогашната неприкосновена вокална двојка Маријана и Росана или поточно оваа втората –  Росана се потсети на времето кога таа и сестра и „жарееа и палеа“ на македонската сцена, на која по долги години пауза годинава се вратија на „Макфест“.

Фотографијата од „златните времиња“ Росана  ја опишала со само еден збор: „Некогаш…“!

Уште една естрадна двојка близнаци, само овие од посилниот пол, решиле да се потсетат на годините од раниот живот, поточно од детството, преку стара фотографија.

Детски роденден, маскенбал или новогодишна прослава… Мартин и Стефан од „Некст тајм“ не објаснија, ама затоа пејачот прокоментирал како гледа денес на себе си и брат му Мартин во она време, во времето на нивното детство.

Пејачката и прва дама на „Борка“, Биба Додева не се вратила толку назад во времето во прошетката по спомените, но затоа пак спомените кои и оставиле веројатно еден од најсилните впечатоци и обележале битни моменти од нејзиниот живот реши да ги извади на „луфтирање“. Жал за младоста и годините  или носталгија по изгледот, само Биба знае, која напшишала дека на фотографијата која личи на свадбена, изгледа помлада…многу помлада од денес. Останатотото напишано во продолжение – нема да го коментираме!

И новинарско – водителската двојка Александра Тимковска – Ване Марковски се најдоа прегрнати и гушнати на заедничјка фотографија… од времето! До душа не така оддамна, ама сепак минале години. А на неа двајцата се се’ уште … Дечишта! Така барем самите напишале дека се доживуваат на сликата кога на времето почнуваа во еснафот!

 

 

To top