Радио Милева

Прекрасна трудница: Шехерезад брои ситно до породувањето – турската актерка блесна во свечена тоалета (фото)

Прекрасна трудница: Шехерезад брои ситно до породувањето – турската актерка блесна во свечена тоалета (фото)

Турската актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад или Азизе од серијата „Далеку од дома“, е во поодмината бременост.

Таа и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч го очекуваат второто дете кое наскоро треба да дојде на свет.

фото:инсатграм/принтскрин

Актерката не е често активна на социјалните мрежи за да објавуба фотографии со трудничкиот стомак, но затоа неодамна заедно со сопругот беа на едно случување каде таа се појави во елегантно издание, од кое во фокусот беше нараснатото стомаче.

Фотографите не ја пропуштија оваа прилика за повеќе фотографии, а познатата актерска двојка со насмеани лица позираше пред насобраните медиуми.

фото:инсатграм/принтскрин

Инаку, Бергузар и Халит веќе го имаат 9 годишниот син Али.

To top