Синот единец на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ вчера официјлано заплива во брачните води со неговата избраничка Богдана Родиќ.
Сите домашни и регионални медиуми пишуваа за свадбата на деценијата, а телевизијата „Пинк“ имаше и пренос во живо.
Познато е дека Јелена Карлеуша нес е во добри односи со Цеца и дека двете пејачки се судат.Јелена Карлеуша која најчесто нема влакна на јазикот и секогаш кажува она што мисли, така и сега ја прокоментира свадбата на синот на Цеца.
Во нејзиното обраќање таа целата „фешта“ ја спореди со филмот за Казахстанецот Борат и со трагикомедија скриена зад раскош.
За потсетување, Карлеуша неколку пати досега има упатено навреди до семејството Ражнатовиќ. Имено, во 2010 година Карлеуша со фејсбук-статyс ги навреди и Цеца и Аркан, но не ги поштеди ни тогаш малолетните Вељко и Анастасија, а обвини и дека Ражнатовиќ нарачале убиство на нејзиното поранешно момче.
Поради овие обвинувања, Цеца одлучи правдата да ја бара на суд односно поднесе тужба против Карлеуша. Исто така, неодамна кога семејството Ражнатовиќ беше на еден роденден, Јелена Карелуша на социјалните мрежи повторно упати критики до Анастасија и Вељко, а во таа прилика се вмеша и Аца Лукас.