Емина Јаховиќ наводно последниве месеци преживува драма во приватниот живот бидејќи со сопругот Мустафа Сандал е во лоши односи.
Иако на сите начини според шпекулациите се обиделе да ги поправат односите, како и да ја убедат јавноста дека се е во ред, Емина и Мустафа според медиумите фали уште да ги потпишат документите за крај на бракот.
Имено, веќе со месеци брачната заедница не им е како што треба, а честите несогласувања довеле да се оддалечат.
Според турските медиуми, Мустафа веќе се иселил од луксузниот имот, а Емина останала сама со двата сина.
Ваквите шпекулации кружат веќе подолг временски период, но каде што има чад има и оган, па кога вистината ќе излезе на виделина, останува да видиме.