Вељко Ражнатовиќ вчера официјално заплива во брачните води и во храмот „Свети Сава“ кажа „да“ на својата избраничка Богдана Родиќ која е во третиот месец од бременоста.
Сите регионални и домашни медиуми пишуваа за „свадбата на деценијата“.Семејството Ражнатовиќ од својот дом во Дедиње се упати во Тител по невестата и испочитуваа неколку традиционални обичаи.
Имено, според обичајот младоженцот, во случајот Вељко треба да ја купи невестата Богдана. Вељко ја купил Богдана за 20 000 евра, пишува српскиот портал ало.рс
Многумина беа изненадени од тоа колку Вељко платил за својата сопруга, а дали е многу или малку проценете сами.
За потсетување, Богдана за црковната церемонија ја носеше венчаницата на Цеца.