Радио Милева гримаса за сите времиња

Ова мало русокосо девојче, денес е позната македонска пејачка: Годините минуваат, навиката и остана? (ФОТО)

Ова мало русокосо девојче, денес е позната македонска пејачка: Годините минуваат, навиката и остана? (ФОТО)

Ова мало русокосо девојче, денес е позната македонска пејачка. Неколку фотографии од годините на детството кое и не е така далеку зад неа, деновива самата  објави на својот Инстаграм профил. На ниве веројатно на возраст помеѓу 12 -14 години, видно послаба и се’ уште во фаза на развој… на метаморфоза од девојченце во тинејџерка.

Веројатно многумина од вас веќе и ја препознаа, за оние другите да откриеме – во прашање е  Антониа Гиговска.

И ако денес подобро ги погледнете нејзините фотографии на социјалните мрежи, веднаш ќе забележите едно заедничко нешто. Заеднички именител, кој многумина ќе помислат дека е еден вид заштитен знак, извесен „трејд марк“ на пејачката, иако не е… Или можеби треба да биде?

Некои постојано се фотографираат разголени, некои селфи, трети ги фотографираат само телесните атрибурти како најдоброто од себе, а таа – со исплазен јазик!

Исплазениот јазик на Антониа го има на речиси на секоја втора фотографија. Ако е заради естраден имиџ, оддамна во светот на шоубизнисот тој е заштитен знак и лого на вечните „Ролингстоунси“. Ако е заради сексапил, можеби и е секси, ама ако е еднаш-два пати, а вака…

Но, кога ќе погледнете и некоја од фотографиите кога пејачката била се’ уште девојченце, и таму можете да ја забележите истата поза уште тогаш: исплазен јазик! Подсвесна навика или гримаса за сите времиња?

Само да не се случи нејзиното актуелно момче Иван, пејачот на „Либеро бенд“,  „кривите очи“ да  ги одбере за свој „трејдмарк“ како што одбрал да и парира со гримасата на заедничката фотографија?!

To top