Водителката на „Слагалица“, Кристина Раденковиќ се породи и на свет донесе момче кое ќе се вика Роган.
Раденковиќ се породила во „Народниот фронт“, а мајката и бебето се чувствуваат одлично. Првата фотографија со Роган ја објави гордата баба Снежана.
Кристина отсекогаш сакала да има син кој ќе се вика Роган, по кнезот Роган од Горски венец.
Кристина и нејзиниот сопруг Никола Радојевиќ имаат и тригодишна ќерка Тара која посебно ќе се радува на братчето.