Водителката Сузана Манчиќ живее во центарот на Белград, а минувачите може да ја сретнат како го шета кучето во парк.
Соседите на водителката проговорија за Манчиќ и открија каков е нивниот однос.
Владо вели дека ја познава Манчиќ и дека ужива во времето кое го поминуваат заедно.
„Таа навистина е прекрасна сосетка, ја обожавам.Прекрасна е. Некогаш ќе чукне на врата, кога нешто готви и недостасува, ќе дојде да побара јајца и брашно, но секогаш ни враќа дупло. За неа немам лоши зборови, прекрасна е, секогаш е насмеана“ вели Владо за курир.рс
Постариот господин Бора вели дека познатата водителка е позната од младите денови.
„Ја паметам Сузана од многу одамна. Се досели во овој крај многу одамна, во текот на 70тите. Отсекогаш беше дама, нашминка, средана. Ќерките ја наследија нејзината убавина“ вели соседот на Сузана.
Во близината на зградата на Сузана има книжарница, а како што велат вработените Манчиќ често ги посетува и внимателно ги бира делата кои ги купува.
„Сака да чити книги, купува и за подароци. Често купува книги на англиски јазик, вели дека се за нејзниот сопруг Симон“ велат вработените.
Вработените во кафулето велат дека Сузана често ги посетува и дека е многу културна со келнерите.
„Таа секогаш има насмевка на лице. Сака да ужива. Често доаѓа кај нас за да се опушти, некогаш доаѓа и со кучето. На гостите им е интересно кога ќе ја видат Сузана, па и се приближуваат, таа секогаш е љубезна“ велат од кафулето.