Радио Милева

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години брак, а еве како се запознале

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години брак, а еве како се запознале

Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 72 години од бракот, а нивниот живот отсекогаш беше интересен за јавноста.

Еве неколку детали кои се познати за овој пар.

1934: Елизабета и Филип првпат се запознале на веначавка

Елизабет Александра Мери Виндсор  имала 8 години кога првпат го започнала принцот Филип, а нивната прва средба била на свадбата на нивната роднина – принцезата Марина.

1939: Повторно се сретнуваат и започнуваат пријателство

Базил Бутхројд кој е специјалист за биографијата на кралското семејство напиша дека повторната средба се случила во 1939година. Кралицата Елизабета тогаш имала 13 години, а принцот Филип 18.

фото: Профимедиа

1946: Филип од кралот Џорџ VI ја побарал раката на Елизабета

„Бевме разделени за време на војната, а тоа ни даде простор уште повеќе да се заљубиме“ напишал Филип во писмото на Елизабета.

1947: Венчавката на кралицата Елизабета и Филип

Свадбата на Елизабета и Филип се случи на 20 ноевмри 1947 година во присуство на 2 000 гости. Нивната венчавка беше пренесувана на радио станиците низ целиот свет.Како што налагаат кралските правила, по свадбата парот живееше во оделни соби.

фото: Профимедиа

Деца и емотивен однос

Елизабета и Филип го добија синот Чарлс на 14 ноември 1948 година и принцезата Ана на 15 август 1950 година.

Бракот и емотивниот однос го криејаа бидејќи најголемиот дел од времето го поминуваа на Малта каде што принцот имаше воени обврски.

Кралицата во 1972 година истакна дека кога ќе размисли нема никакви забелешки за својот брак.

To top