Радио Милева

11 месеци откако ја изгуби сопругата, српскиот водител ужива во љубовта со новата девојка (фото)

11 месеци откако ја изгуби сопругата, српскиот водител ужива во љубовта со новата девојка (фото)

Дарко Митровиќ, водителот на „Менталног разгибавање“, повторно е среќен на емотивен план и ужива во љубовта со девојката Сандра Глигоријевски.

Двојката објавува заеднички романтични фотографии на социјалните мрежи, а судејќи по истите, емоциите и тоа како се на ниво.

„Црвено срце, моја Сале“, е описот на водителот на една од објавите.

фото:дарко митровиќ/инстаграм

„Немаш поим колку ми е драго што имаш некој покрај себе кој те почитува и сака. Само биди ни здрав, уживајте“, гласи еден од коментарите на неговите следбеници.

фото:дарко митровиќ/инстаграм

Потсетуваме, Митровиќ во декември 2018 година ја изгуби сопругата Снежана, со која го има синот Немања.

To top