Привршуваат подготовките за свадбата, кои многумина ја нарекуваат „свадба на деценијата“, а Вељко Ражнатовиќ и неговата бремена свршеница, Богдана Родиќ, ќе го кажат судбоносното „да“ во недела, на 24 ноември.
Прославата ќе биде организирана за околу петстотини поканети, а Вељко, според старите обичаи, ќе оди да ја земе невестата од семејниот дом во родниот Тител.
Поканите се испратени, а оние што ги добија, можеа да прочитаат дека покрај стандардниот текст има и задолжителен кодекс на облекување.
На жените им се посочува да доаѓаат со долги, елегантни фустани, а мажите во костуми. Така што Ражнатовиќ мислеа на се’ и ништо не оставаат на случајност.
Цеца се погрижи за секој детаљ, исто како и Вељко и Богдана. Посебно внимание посветуваат и на кодексот за облекување, бидејќи сè ќе биде на највисоко ниво.
Свадбата ќе се случи во луксузен хотел во Нов Белград, а дотогаш, српските медиуми бомбардиртаат со информации за оваа „свадба на деценијата“, а на денот очекувано ќе има „поплава“ од информации.