„Животот пишува романи“- добро позната народна изрека која во случајот на Сузана Турунџиева е вистински преточена во романи кои започна да ги издава во 2007 година со „Куфер со соништа“.
Инспирацијата е непресушна за Сузе, а нејзините читатели покрај книгите имаат можност да ги чиитаат и многуте мисли и цитати кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи.
Љубовта секогаш и ја носи појдовната мисла, а овој пат напиша толку моќни зборови во кои се пронајдоа многумина.
Сум била во љубов без “папир”… Сум била и со “папир” ама без многу љубов… Сум била и прва и втора… И последна…И онаа поради која патат, и онаа која пати… Се сум била понекогаш…Затоа знам дека ги нема тие околности, причини, луѓе или предрасуди кои можат да бидат пречка во врска каде живее љубовта… Слободна!
Не е љубовта слобода, туку љубовта е жива во слобода!
Лајкови и коментари како и секогаш имаше многу, а меѓу оние што не останаа имуни да се надоврзат беше и Маја Вукучевиќ која коментира:
Нема љубов без слобода, ниту слобода без љубов. Затоа љубовта е давање, а не барање.Оној што бара од другиот ја губи и љубовта. И слободата”, a Сузе на ова имаше логична реакција – симбол од срценце.