Дара Бубамара претходната недела помина низ пекол. На пејачката и се слошило и некое време морала да одмара во кревет, пишува курир.рс
Докторите строго и наредиле да одмара, а пејачката не ги почитувала овие наредби.
„Дара многу работи, а со месеци е на некои диети со кои и се намали имунитетот. Таа претходната недела почувствувала малаксаност, но тоа не ја спречи да ги заврши обврските, па во еден момент се онесвести. Нашата заедничка пријателка во тој момент беше со Дара, па веднаш повикала Брза помош. Олеснителна околност беше тоа што Коста не беше дома бидејќи детето ќе се исплашеше.Доктор кажа дека Дара мора да се одмара, имаше низок притисок, докторите и приклучија инфузија и примаше терапија. Меѓутоа, таа во сабота имаше настап во Смедерево и замина да настапува како ништо да не се случува, а на денот на настапот доби и температура. Во недела мораше сама да се јави во Брза помош за да и дадат инфузија бидејќи не можеше да стане од кревет, и сега мора да одмара бидејќи едвај го издража настапот мислеше дека ќе се онесвести“, вели пријателка на Дара за „курир.рс“.
Дара не се огласи по повод овие пишувања.