Македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Јелена Јованова, независно дали е во улогата на Јелена од Драчево, Милена од „На терапија“, Марина од „Тајни“, таа едноставно е миленичка на гледачите.
Сепак, кога е рецепционерката од „Преспав“, тогаш умее да изнуди најмногу насмеани лица пред ТВ екраните, а мора да се согласите дека кастингот не можел да биде подобар кога е во прашање улогата на Јелена и начинот на кој таа го носи ликот пред камера.
За приватноста на убавата и успешна македонска актерка со хрватска адреса, е познато дека таа пред четири години се омажи со својот колега Стјепан Периќ, а нивната љубов се роди за време на снимањето на серијата „Тајни“.
Дека љубовта беше и повеќе од вистинска, потврди и нивната венчавка која се случи во Загреб без многу помпа.
Дури по неколку години Јелена на својот профил објави фотографии од венчавката на кои е прекрасна невеста во едноставна венчаница.
Деновиве пак, по повод годишнината од бракот, таа објави досега нвидена романтична фотографија од венчавката каде младите се топат во својот поглед.
Дали ваква романтична сцена ќе доживее и Јелена од Драчево во четвртата сезона на „Преспав“ и конечно ќе и се исполни желбата да се омажи, останува да видиме…