Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 45 годишниот Игор Ангелов од Струмица.
Игор е вработен во музичкото училиште во родниот крај како професор по народни инструменти, а како што вели и неговиот татко исто така бил наставник по музика.
Македонскиот кандидат истакна дека уште од второ одделние започнал да свири и да заработува, а неговата желба е да стигне до крајот на музичкото шоу.
„Целта ми е да ме слушнат поголем број на луѓе“ вели Игор.
Поддршка на македонскиот кандидат беше неговото семејство, односно неговата сопруга и двете ќерки.
Ангелов се претстави со песната „Теби“ од Мирослав Илиќ, а додека ја пееше песната, македонскиот кандидат погледнуваше во неговата сопруга која Жика Јакшиќ ја изведе на сцената, па така Игор и пееше на својата сопруга.
Жирито имаше само пофални зборови за Игор.
„Јас толку уживав, па немам појма дека ова е некој натпревар. Ова е една прекрасна приказна, да го слушаме овој глас. Браво. Ова го можат само Македонците“ истакна Неда Украден.
„Јас навистина уживав“ беше краток Жељко Васиќ.
Овој пат ни Саша Маринковиќ Маре немаше забелешки за македонскиот кандидат.
„Мене ова ми е професорски, на ниво, се слуша совршениот слух. Посебно ти честитам на дикцијата која ти е совршена. Секоја чест“ вели Маре.
Жика Јакшиќ истакна дека она што посебно го радува е што кога сопругата на Игор излегла на сцена се забележала љубовта која се уште трае.
Игор помина во следниот круг, а како тогаш ќе се претстави останува да видиме. Дотогаш неговиот настап погледнете го видеото подолу на 31:58.
За потсетување, досега во „Никогаш не е доцна“ неколку пати победија Македонци, односно во една сезона победи Горан Кукиќ, потоа победи Добрила Ивановска Чабриќ и во последната сезона имаше двојна победа односно Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dvojna-pobeda-za-makedonija-lenche-kukjikj-i-bejhan-ramov-ja-odnesoa-pobedata-vo-nikogash-ne-e-docna-video/