Радио Милева

Ново еротско продолжение од Адријана Кеш – овој пат во кујната е поврела и од рерната на шпоретот (фото)

Ново еротско продолжение од Адријана Кеш – овој пат во кујната е поврела и од рерната на шпоретот (фото)

Фолк пејачката Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку умешно и впечатливо, што го надополнува времето кога не била толку присутна.

Нејзината последна фотосесија која граничи со блага еротика, ги пополни забавните рубрики од домашните медиуми, а ефектот секако беше постигнат и на популарните Инстаграм и Фејсбук.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/adrijana-kesh-razgolena-vo-erotska-fotosesija-visoki-chizmi-mrezesti-chorapi-i-lateks-sado-mazo-ponuda-za-maksimalna-vozbuda-foto/

Кај нас за некои од познатите естрадни личности, особено дамите, стана пракса да изработуваат провокативни фотосесии пред да излезе нивната нова песна, па дури понекогаш тоа е поударно и од музиката која подоцна ќе ја промовираат.

фото:адријана кеш/инстаграм

Адријана долго време е во шоубизнисот и како искусна во работата, добро си го знае редот дека треба да понуди и мерак за очи, а не само за уши.

Нејзината најновата фотосесија е прилично богата, па за да биде поинтригантно и интересно, жешките фотографии ги објавува во серија, различна гардерба, локација, пози…

фото:адријана кеш/инстаграм

Овој пат, галеријата ја дополни со поза од кујната каде е домаќинка од соништата на мажите, облечена во бело боди и мрежести хулахопки, а во раката чаша пијалок.

фото:адријана кеш/инстаграм

Во коментарите претежно од припадниците на позилниот пол, најмногу имаше симболи од пламенчиња оган за фолкерката која е поврела и од рерната на шпоретот!

To top