Радио Милева тешки зборови...

Хали Бери го обвини бившото момче за расизам и инцест: „Тој имаше сексуални односи со член од семејството“

Хали Бери го обвини бившото момче за расизам и инцест: „Тој имаше сексуални односи со член од семејството“

Хали Бери го обвини поранешното момче Габриел Обри за „сексуална врска со член на семејството“ и навреди кон неа на расна основа додека биле заедно.
Претходно запечатените судски документи излегоа на виделина во врска со нивната петгодишна врска, во која таа тврдеше дека Габриел одбил да признае дека нивната ќерка е Нахла мелезинка.


Во документите од 2011 година се вели дека тој постојано ја злоупотребувал на физичка и расна основа и лошо ја третирал за време на петгодишна врска, како и дека одбивал да ја признае нивната ќерка Нахла.
Во документите се вели дека 53 годишната Хали тврдела дека нејзиното поранешно момче со години имало сексуални односи со член на семејството, а таа траума им го уништила интимниот живот.

„По првите шест месеци од нашата врска, нашиот сексуален живот се намали и по една година, имавме секс помалку од три пати годишно“, сведочеше таа, во законските документи.
Габриел одби да ја признае и да ја прифати одговорноста за кое било од овие проблеми. Наместо тоа, тој го критикуваше моето тело на начини кои се многу понижувачки за жените“ – додала Хали.

Актерката изјавила и оти Габриел признал дека имал сексуални односи со член на неговото семејство со години. Во изјавата, Хали исто така тврдела дека Габриел има ментални проблеми, велејќи дека страда од депресија и социјална вознемиреност, но дека одбил да прифати било каков третман, што било наведено и како една од причините за нивното прекинување на врската.

Фото: АП/ Танјуг/ Инстаграм принтскрин

To top