Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (39), во последните 12 години направила бројни естетски корекции кои на прв поглед не се видливи, зашто заради убавина, би направила навистина се’.
Преку социјалните мрежи таа им откри на своите следбеници како работат нејзините нови лепливи ленти од колекцијата „Скимс“, без кои нејзиното бујно деколте не би можело да дојде до израз во отворените фустани однапред. Ким откри дека нејзиниот нов изум е безболен за пределот на брадавиците, а ги држи градите исправени.
Но, пред појавата на „Скимс“, на Ким и ги лепеле градите со обична леплива лента за пакети што и ја уништувало кожата и и’ предизвикувало огромна болка.
„Посакувам да постоеше и тогаш „Скимс“ лента. Ќе ви покажам фотографии од мојата оштетена кожа кога ќе ја отстранев лепливата лента под која на коѓата ми се правеа живи рани“ – рече таа, додавајќи дека кожата потоа со денови ја печела.
Покрај новите ленти, Ким неодамна понуди и еден вид корсет во колекцијата „Скимс“, која доаѓа во најразлични бои и форми. Штом стана достапен преку Интернет, жените побрзаа да го купат, со надеж дека ќе изгледаат потенки во струкот. Само неколку минути по лансирањето на специјалниот корсет, Ким стави два милиони долари во џеб.
Фото: Профимедиа / Инстагрампринтскрин