Радио Милева

Рецептот на Дарко Лазиќ: Како истовремено да ги усреќите и поранешната и сегашната партнерка?

Рецептот на Дарко Лазиќ: Како истовремено да ги усреќите и поранешната и сегашната партнерка?

Пејачот Дарко Лазиќ реши да ги израдува поранешната сопруга Ана Севиќ и сегашната свршеница Марина Гагиќ така што ги прати на патување.

Дарко, на екс-сопругата, со која ја има ќерката Лорена, и на свршеницата, која пред неколку месеци му го роди синот Алексеј, им уплати одмор на две различни дестинации – Ана ја прати во Дубаи, а Марина на Златибор, пишува „Курир Старс“.

Двете со себе ги понесоа и децата, а со одморот се пофалија на социјалните мрежи. Дарко ова наводно го чинело околу 4 илјади евра. И додека тие двете уживаат, Дарко работи под полна пареа.


-Односот меѓу Ана и Лазиќ драстично се поправи. Веќе немаат несогласувања. Дарко и за Марина е совршен сопруг. Таа сакаше да оди на Златибор и Дарко тоа и го исполни. Добро ги чува и двете свои жени, вели извор близок до пејачот за споменатиот медиум.

To top