Радио Милева

Јелена Карлеуша сака да се реши од силиконските гради, а признава и дека е љубоморна на Северина

Јелена Карлеуша сака да се реши од силиконските гради, а признава и дека е љубоморна на Северина

Јелена Карлеуша пред 20 години вгради силикони, а сега откри дека се кае.

Јелена денес има „голема петка“, но смета дека бујните силиконски гради веќе не се во мода …

– Мојата најголема животна грешка се големите гради! Се каам што ставив силикони затоа што веќе не се модерни – признава Јелена, додавајќи:

„Пред да одам кај пластичен хирург, се обидував да ги направам градите поголеми на секој можен начин. Носев поголеми градници, ги полнев со чорапи. Ма, ставав се во градникот! Сега посакувам градите да ми бидат помали – рече таа во емисијата „465 секунди со Саша Видиќ“, а пренесува српски „Мондо“.

фото:јелена карлеуша/инстаграм

Таа изненади и кога реши да ја пофали колешката Северина Којиќ.

– Севе изгледа топ! Таа е една од ретките жени која знае да го прилагоди трендот кон себе. Честопати гледам во нејзиниот Инстаграм и барам инспирација за тоа што би можела да облечам , додавајќи дека и завидува на својата хрватска колешка за витката линија.

фото:северина/инстаграм

– Севе изгуби тежина повеќе отколку што треба, но тоа е сега во тренд. Блазе неа, посакувам да бев толку слаба“, заклучува Карлеуша.

To top