Српските медиуми пишуваа дека Марија Шерифовиќ нема да биде дел од овагодинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката иако се размислуваше дали да биде дел од музичкото жири, сепак се одлучи и оваа година повторно да седне во столчето на „судија“ и да ги оценува кандидатите.
Меѓутоа, Шерифовиќ сега дифинитивно планира да не биде дел од шоуто, а како што вели оваа одлука не му се допаднала многу на Поповиќ.
„Најнапорен дел од моето професија е ми давање на интервјуа, но јасно ми е дека едни без други не можеме. Што се однесува до концерите, тоа е ми е најубав дел од професијата, оној момент кога ќе излезам на сцената. Работата во студио ме радува, некогаш едвај чекам нешто да снимам и тоа да го објавам. Најтешки ми се снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, вели Шерифовиќ, а на прашањето дали има сили за нова сезона, пејачката вели:
„Не, немам, немам сили ниту за оваа сезона што мислам дека може да се забележи“ вели Шерифовиќ.
Марија додава дека е задоволна од своите кандидати и се надева дека и оваа сезона ќе победи нејзин учесник.
„Има добри кандидати. Во оваа сезона имам повеќе кандидати од претходната. Веќе започнав да работам со нив, има добри и квалитетни деца, и додека имам сили некого да научам, јас ќе бидам тука за нив. Меѓутоа, официјално мислам повеќе да не бидам во тоа жири бидејќи сум како дежурен „дисапнзер“, веќе пет години седам во тоа жири. Можеби е доста, или некоја пауза, не знам. „Ѕвездите на Гранд“ ќе траат за секогаш, како битката на „Неретва“, време е малку да се одморим од нив, но и публиката да се одмори од мене. Поповиќ веќе знае и прифати со тешко срце. Се прави глув и луд…Да победим и оваа сезона и да си одам дома“ вели Шерифовиќ.
За потсетување, во претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ победи Џејла Рамовиќ која беше во групата кај Шерифовиќ односно таа му беше ментор.ВЕ