Радио Милева инстант „швалер“

Бобан Рајовиќ јавно призна: „Понекогаш „шарам“, ама секогаш на мојата сопруга и се враќам“ (ФОТО)

Бобан Рајовиќ јавно призна: „Понекогаш „шарам“, ама секогаш на мојата сопруга и се враќам“ (ФОТО)

Пејачот Бобан Рајовиќ го следат приказни и озборувања дека е голем заводник и швалер, а овој епитет очигледно му е многу драг и особено му  годи.

Бобан без срам признал  дека понекогаш  „шара“, но на крајот секогаш и се враќал на својата сопруга.

„Не е точно дека сум во кавга со сопругата, повремено шарам, но секогаш се враќам кај неа“ – рекол Рајовиќ, а социјалните мрежи се преплавија од коментари кои не го оправдуваат однесувањето на пејачот.

„На Драгана Бог дал многу доблести, па тоа што е  сосема нормална личност е клучот за успехот на нашиот брак. Дури и додека бев анонимен, мојот дух беше  ѓаволски немирен“.

„Возев такси во Данска, што е  работа која носи многу своевидни искушенија, но морам да признаам дека ми беше полесно во тоа време, затоа што жените не ме третираа онака, како што го прават тоа сега“ –  ќе рече во една прилика Бобан.


Инаку пејачот е во брак 27 години со неговата сопруга Драган Рајовиќ, со која има три деца – Иван, Анџела и Андреја.

To top