Пејачката Ана Николиќ ја врати тежината што ја имаше пред бременоста, а фотографиите кои ги објавува последниве денови, ги воодушевија нејзините следбеници.
Овој пат, Ана се фотографираше облечена во свилена ноќница комбинирана со тексас јакна и високи чизми.
Коментарите само се нижеа, а обожавателите и порачаа дека изгледа феноменално, и честитаа на упорноста, па додадоа да продолжи да ја одржува линијата.
За потсетуивање, пејачката пред две години се породи со ќерката Тара, а од породилиштето излезе со повеќе од 100 килограми.
Сепак, напорните тренинзи, третманите и диетата си го направија своето за Ана да биде онаа старата.