Радио Милева

Сопругот на Ким Кардашијан го менува името

Сопругот на Ким Кардашијан го менува името

Познатиот рапер, моден креатор и сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест одлучи во својата биографија да додаде уште една професија – претседател на САД, а прв чекор ќе биде промена на неговото име.

Веќе подолго време американските медиуми пишуваат дека на својата сопруга Ким Кардашијан и забележува штосе облекува провокативно бидејќи тој наскоро планира да се кандидира за претседател на Америка.

фото: Профимедиа

Како што пишуваат медиумите, Вест е сериозен во своите намери.

„Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024 година, во оваа држава ќе има многу работа, па нема да трчам за кандидатура, туку опуштено ќе ја водам кампањата“ вели Канје.

фото: Профимедиа

Меѓутоа, тоа не е единствено што планира да го направи. Имено, тој откри дека планира и да го промени своето име во Христијански Гениј Милијардер Канје Вест. Негова цел е да луѓето сфатат што навистина значи милијардер.

To top