Лепа Брена важи за една од најголемите ѕвезди во регионот која зад себе има успешна кариера, но и огромно богатство за кое не сака многу да зборува пред камерите.
Имено, пејачката не сака многу да се фали со својот луксуз, но неодамна изјави дека во својот возен парк поседува автомобили за секоја прилика.
Деновиве, папараците ја фатија Брена како во природно издание ги завршува обврските во Белград.
Лепа Брена е снимена без грам шминка, а додека ги завршува обврските пејачката го вози својот вотмобил кој чини околу 3 000 евра.
Иако пред камерите секогаш може да ја видиме во разни модни парчиња, со шминка и гламурозно, зад сцента, Брена е сосема нормална и обична личност.
Инаку, Брена неодамна изјави дека поседува неколку автомобили, но дека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не и дозволува мал автомобил.
– Глупо е да се каже колку автомобили имаме. Имаме работен автомобил, за на јавни настани, за на пазар… Боба не ми дозволува да купам мал автомобил затоа што тие не се безбедни, тоа е она што јас би сакала да го сторам – беше кратка Брена кој со оваа изјава докажа колку сопругот се грижи за неа и нејзината безбедност во сообраќајот.
За потсетување, пејачката пред некој ден ја промовираше песната „Одисеја љубави“.
https://www.youtube.com/watch?v=K3Jhheg0fkU