Возрасниот Милојко и неговата млада сопруга Милијана Божиќ честопати се караат во вилата на реалното шоу „Парови“, а причината се нејзиното кокетирање и неверство со други мажи во куќата.
Сите видоа е дека Милиана ја премина границата на пријателство со Немања Стаматовиќ Жабац, а сега му призна на својот сопруг дека тој не е единствениот човек со кого го изневерува.
„Има четири мажи во мојот живот. Двајца од нив се мои роднини, третиот е Жабац, а за четвртиот, никогаш нема да дознаеш“ – го провоцираше својот сопруг, чие трпение е при крај, па или ќе ја остави и или ќе направи некоја глупост. Со оглед на возраста, само да не му се случи нешто трето – она најстрашното!