Македонската поп пејачка Елена Миленковска дебитираше во мрегионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ на најдобар можен начин. Таа пееше по една песна од Марија Шерифовиќ и Тамара Тодевска. Токму Шерифовиќ искоментира дека таа е храбра девојка, бидејќи нејзините песни се навистина тешки за пеење.
Сите членови на жирито, беа единствени дека таа е досега најдоброто нешто од Македонија, а самиот Саша Поповиќ го потврди тоа, коментирајќи дека во неа гледа целосен пакет.
Пејачката не беше поштедена ни од новинарите ширум Балканот, кои пишуваат дека комплетниот пакет доаѓа од Македонија и ако продолжи вака, сигурно ќе ја видиме во финале.
Елена зад себе има веќе неколку поп хитови, кои се вртат по радио станиците а пред минатата година беше прогласена и за македонска пејачка со најголем подем во кариерата, освојувајчи ја наградата „Ѕвезда што се раѓа“ на македонскиот Радиски фестивал „МАРС“!
Очигледно таа и овој пат сериозно си ја сфатила работата и судејќи според коментарите, ќе направи се’ да ја видиме во самото финале.
Погледнете го настапот на Елена,веднаш на самиот почеток од емисијата.
https://www.youtube.com/watch?v=PT5fXUNktSk