Иако како и повеќето рокери, Ѓорѓе Давид е миленик на жените, тој никогаш не се фалел за неговите освојувачки вештини, ниту зборувал грдо за припадничките на понежниот пол.
Покрај тоа, рокерот гордо ја носи титулата еден од најголемите џенталмени на сцената, но тој не го негира ласкавото внимание што го добива од жените.
Како и да е, пред неколку години, Ѓорѓе се скраси покрај Ана Миркетиќ, која во 2014 година му ја подари ќеркичката Сташа.
Потсетуваме, неодамна, соседите за еден деневен весник открија дека сопругата на Давид живее со својата ќерка во еден стан, додека рокерот само ги посетува, а навечер се враќа кај мајка си во Нов Белград.
Тоа не се смени ниту по смртта на неговата мајка и во едно интервју, тој само кратко го потврди она што се пишува.
– Јас не живеам со семејството, јас сум во еден стан, а Ана е со детето во друг. Сè е во ред со нас, ја сакам мојата сопруга најмногу на светот, но заради одредени животни околности, во моментов сме разделени додека не го решиме проблемот со станбеното прашање – рече тогаш Давид.
Инаку, Ѓорѓе Давид на 5-ти Ноември го прослави 55-от роденден. Бидејќи се огласи преку социјалните мрежи, тој се заблагодари на убавите желби и честитки кои ги доби од обожавателите и колегите.