Радио Милева

Близок извор до Огњен Врањеш открива зошто фудбалерот ги повлече тужбите против Јелена Карлеуша

Близок извор до Огњен Врањеш открива зошто фудбалерот ги повлече тужбите против Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш имаа судење закажано во Првиот основен суд, меѓутоа, ниту еден од нив не се појави на рочиштето.

Сепак, фудбалерот кој ја тужеше пејачката за закани по животот, донесе одлука да ги повлече сите тужби и судењето беше одложено.

“Иако сите се прашуваат зошто тој избра да го направи овој чекор, за тоа нема посебна причина. Во неделата навечер, Огњен одлучи да стави крај на секоја приказна поврзана со Јелена. Тој повеќе не е заинтересиран за нејзиниот живот и нема намера да доаѓа во Србија за на суд. Момчето го смени животот од корен и продолжува понатаму “, раскажува нашиот извор.

фото:огњен врањеш/инстаграм

Потсетување, во статусот што го објави Јелена на фејсбук, го навреди фудбалерот, поради што тој ја тужеше.

To top