Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со заедничка фотографија.
Рада преку социјалните мрежи се обрати на Јеца и истакна дека таа секогаш била покрај неа во тешките моменти.
„Знаете што, за неа може да се зборуваат многу работи и за нејзините вредности, нејзината хуманост, пожртвуваност може да зборуваме до задутре, но знаете дека мене специјалност ми се народните поговорки, па така ќе се обидам да ја опишам Јелена со една поговорка: Кој не те знае скапо ќе те плати, но кој те знае нема да те продаде“. Ти благодарам за се. Затоа што секогаш си човек со мене, затоа што секогаш ме пречекуваш со отворено срце и ми да даваш совети. Никогаш нема да ти ги заборавам зборовите во авионот по еден мој инцидент, кога бев уплашена што ќе им кажам на новинарите кога ќе слетам, а ти имаше само утешни зборови: „ Главата горе, не е срамота, тоа е само лекција и искуство“. Што да кажам после ова, многу ми значеше, во моментот ме смири и ми даде сила, така да, никогаш никој како неа“ напиша Рада на својот „Инстаграм“.
За потсетување, многу јавни личности имаат изјавено дека имале предрасуди за Карлеуша, но откако ја запознале лично сфатиле дека е многу добар човек.