По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.
Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим.
По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа.
По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија.
Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски.
Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски.