Стефан Богоев, 28 годишниот, градоначалник на Општина Карпош, вчера ја запросил својата девојка, Ивана Анѓеловска, предложувајќи и брак.
„Со еден глас за, Ивана избра да“ – побрзал да се пофалил со потфатот најмладиот градоначалник од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил, а сервилните медиумските мегафони на власта побрзаа да ја пренесат веста.
„Со Ивана сме заедно осум години. Имаме голема љубов, разбирање, што би се рекло, сите предуслови за брак ни беа исполнети. Но причината поради која што ја запросив осум години од почетокот на нашата врска е таа што уште многу одамна дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне власта предводена од Груевски“ – ќе изјави Богоев за Фокус, сликајќи се со идната сопруга, вереничкиот прстен и тортата во прв план, и секако скапото шампањско во позадина. Да се знае во чија куќа се пијат скапи вина! Оти „не моет“ без „Моет“!
Чинот на запросување – за поздравување, ама изјавата на младиот општински градоначалник – за смеење.
„Да не беа Бејли и Кале, сиротиот Богоев ќе останеше вечен ерген… неженет до пензија “ – со потсмев ја коментираат поединци.
Патем, ако тргнеш по логиката на Богојев, да ја жениш откако ќе падне власта, денес треба да ти е страв да фатиш девојка. Зашто, како што тој и неговите од СДС тргнале да владеат, многу лесно може да ти се случи брзо да ја запросиш… Едвај после неколку излегувања!“