Иако веќе се пазареше за новиот дом, пејачката Вики Миљковиќ и нејзиното семејство практично останаа без покрив над главата.
Поточно, фолкерката мораше да ја напушти куќата каде што живееше со сопругот и синот до неодамна, бидејќи истече рокот за иселување, а станот што ги изнајмила, сè уште не е подготвен за вселување.
За тоа време, Вики и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ и синот Андреј веќе неколку недели престојуваат во хотел.
– Се прселив од куќата затоа што таков беше договорот и сè уште не можам да се вселам во станот затоа што чекаме да дојде мебелот од Турција. Мојот архитект и неговиот тим имаат канцеларии во Турција, за се’ сме договорени со нив, па така е и за мебелот. Тие ги уредуваат сите монденски хотели во Турција, а јас сакам, ја обожавам нивната земја, се топам гледајќи во нивниот мебел. Треба да дојде деновиве, за да можам конечно да се вдомам со семејството “, рече Миjковиќ за српски „Курир“.
– Јас ќе бидам вистинска султанка! (се смее) Но, со сопругот и мојот син сме во белградски хотел. Ќе бидеме уште неколку дена и наскоро доаѓа нашиот мебел. Во моментов сме патничка куќа!- открива Вики.