Пејачката Ана Николиќ веќе неколку месеци го најавува својот камбек на музичката сцена, а додека работи на новите песни, активно тренира и се труди својата линија да ја доведе до перфекција.
Според повеќето од нејзините фанови, Ана, повеќе нема потреба да слабее, бидејќи изгледа соврешено.
Пејачката се почесто објавува фотографии од теретана и салоните за разубавување, а сега реши да го покаже своето лице без грам шминка.
Имено, Ана Николиќ направи „селфи“, додека се возеше во автомобилот, а од чистото лице и нејзината природна свежина најмногу се истакнаа впечатливите сини очи.
Ова не е првпат Ана да објавува вакви фотографии, па фановите и поласкаа за храброста да се фотографира во природно издание, што е реткост за повеќето дами од јавниот живот.