Радио Милева

Јелена Карлеуша завојува со американската дизајнерка: „Ги носиш моите копии!“

Јелена Карлеуша завојува со американската дизајнерка: „Ги носиш моите копии!“

Јелена Карлеуша повторно е во центарот на моден скандал. Имено, американската дизајнерка Јеха Лијунг ја обвини Јелена за копирање на нејзиниот дизајн на костими, иако претходно побарала од неа да нарача еден.

Дизајнерката е познат по тоа што изработува модели од рачно изработена кожа, ланци и латекс костими, а еден таков носеше Карлеуша на нејзиниот настап во Цирих минатиот викенд.

фото:инсатграм

Јелена, како и секогаш, се пофали на социјалните мрежи со својот аутфит, што ја испровоцира Јеха. Таа фотографијата ја објави на својот Инстастаграм.

– Таа знаеше каде да го купи оригиналот, но одбра да го поддржува крадецот – истакна дизајнерката на Инстаграм со приложениот доказ – преписка со Јелена.

„Ми се допаѓа твојата работа, ќе купам“, напиша Јелена.

Дизајнерката тогаш и одговори позитивно.

„Благодарам, работам по уникатна големина, затоа оставете ги вашите мерки и ќе изработам“, напиша Јеха.
– Одлично! Ќе ве контактирам наскоро – врати Карлеуша.

Американската дизајнерка потоа напиша дека Карлеуша е виновна, како и дизајнерот на нејзиниот „лажен“ костим.

– Многу прашања добивам во пораки, но ова не е во ред. Тоа е чисто безобразие. Одговорен е и уметникот и дизајнерот. Ако се сомневате дека дизајнерот не знаел за мојата работа пред ова, знајте дека ги користеле моите фотографии за да ги промовираат своите копии – напиша таа како дел од нејзинато „стори“ на Инстаграм.

Сепак, Јелена не гледа што е спорно затоа што не одбра да купува од неа, па и одговори во свој стил.

– Драга Јеха, ти крадеш се што јас носев години претходно . И не заборавај сè што зеде од „Версаче“ – напиша Карлеуша и ја објави својата фотографија од 2012 година каде носи сличен костим.

To top