Радио Милева

Пријателите на Џенифер Анистон стравуваат дека актерката е пред нервен слом

Пријателите на Џенифер Анистон стравуваат дека актерката е пред нервен слом

Актерката Џенифер Анистон (50) е окупирана со снимањето на новата серија, во која има главна улога и е извршен продуцент , а според странските медиуми таа целосно ја запоставила нејзината здравствена состојба.

Според извор близок на актерката, таа нема време за одмор, тренинг, а особено загрижувачки е што не јаде речиси ништо.

-Џенифер е под голем стрес! Таа е многу нервозна, делува измачено и преморено. Сите се загрижени за нејзиното здравје – рече изворот и додаде дека Џен ги запоставила и нејзините пријатели и приватниот живот.

фото:џенифер анистон/инстаграм

Имено, таа дополнително останува на сет и води сметка сметка за сè, што наводно повеќе не може да поднесе.

– Таа секогаш јаде нешто „од нозе“, само да ја џвака храната за да не се онесвести. Никој не ја видел ваква, уште од времето на „Пријатели“ “, рече загрижениот извор.

To top