Првата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп го прослави својот роденден и наполни 38 години.
По тој повод, Иванка на социјалните мрежи објави фотографија на која позира без грам шминка и во домашно издание.
„Прегратки, бакнежи и многу роденденски желби“ напиша Иванка во описот на фотографијата.
Под објавата се нижеа само позитивни коментари на сметката на нејзиниот изглед.
„И понатаму изгледаш како да имаш 21 година“, „Среќен роденден Иванка, прекрасна си и голема инспирација на жените“, „Каква природна убавина“ – некои од коментарите под фотографијата.