Радио Милева

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ им поласка на Каролина, Влатко Стефановски и Кајмакоски (фото)

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ им поласка на Каролина, Влатко Стефановски и Кајмакоски (фото)

Во својата долгогодишна кариера Каролина Гочева може да се пофали со богат музички репертоар.

Од почетокот на нејзината кариера до денес, Каролина има многубројни хитови кои не се забораваат, а дефинитивно еден од нив е и песната „Не се враќаш не“ (Не се врачаш не“).

Со оваа песна Каролина пред неколку години го најави својот шести албум „Капка под небото“, a за истата песна сними и српска верзија.

фото: Принтскрин/јутуб

За текстот на горенаведниот хит беше задолжена Весна Миланова, музиката е дело на Даниел Кајмакоски, а на гитара свири македонскиот музичар Влатко Стефановски.

фото: Принтскрин/јутуб

Иако поминаа околу 8 години од излегувањето на песната, таа не старее, па во последно време се повеќе се слуша, а некои и од учесниците на регионалните музички шоу ја бираат оваа песна за да се претстават на големата сцена.

Имено, Даниел во последната сезона на „Твоето лице звучи познато“ имаше задача да ја имитира Каролина токму со оваа песна.

https://www.youtube.com/watch?v=jinefTZd6VE

Во емисијата „Пинкови ѕвезди“ исто така многу кандидати ја пееја „Не се врачаш не“, некои оставија добар впечаток, а за некои можеби беше не многу добар избор.

https://www.youtube.com/watch?v=UjqwzzZoHg0

Меѓутоа, деновиве победникот на „Ѕвездите на Гранд 2017“, Алекса Перовиќ додека се возеше во својот автобмил ја слушаше оваа песна, па јавно им поласка на учесниците на овој хит.

„Песниште“ напиша кратко и јасно Алекса, а во описот на видеото ги означи Каролина, Влатко и Даниел.

фото: Принтскрин/инстаграм

Овој позитивен коментар и се допадна на Гочева, па и таа го сподели „сторито“ на Алекса на својот „Инстаграм“.

фото: инстаграм

Во продолжение да се потсетиме на ова уметничко дело на Каролина.

To top