Промотер

Кога Мина Блажев отворено ќе ти признае – „Не можам без тебе“ (АУДИО)

Кога Мина Блажев отворено ќе ти признае – „Не можам без тебе“ (АУДИО)

Јавноста младата тинејџерка Мина Блажев ја запозна како македонска претставничка на „Детскиот Евросонг“ во 2017 година, кога со песната „Dancing Through Life“ не претставуваше во Тбилиси – Грузија.

Претходно симпатичната и шармантна Мина, која е внука на Владимир Блажев, алиас Панчо од ДНК, а на јавноста и стана позната по своите забележителни настапи на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде ги собра аплаузите и ги доби сите пофалби од жирито.

По детскиот Евросонг во Грузија, Мина лани, на почетокот на летото во 2018 година ја издаде својата прва самостојна песна „Веќе нема“ зад која авторски стоеше Роберт Билбилов, а беше визуелизирана и со симпатично летно видео кое го изработи Александар Ристовски – Принц.

Несомнено талентираната тинејџерка со ова го најави својот пробив на домашната естрада, а годинава  ja продолжи соработката со истиот автор – Р. Билбиров, најпрвин со англиската тема „Confusion“ во септември годинава, а веднаш потоа и  појавувајќи се одлична песна на последниот „Макфест 2019“.

„Не можам без тебе“ е современа, ар-ен-би/поп тема, која во себе содржи модерни звуци, перфектно испеглана продукција и аранжманско пакување какво што и прилега на стилот, вокалот и возраста на една вака млада пејачка.

Иако не чепна од наградите, песната зад чии стихови стои Робин Зимбаков, го наоѓа својот пат во радиоетерот особено кај помладата публика на интернет каналот Јутјуб.

Песната ја следи визуелизација во вид на Арт Ворк колаж  видео составено од фотографии со сегменти од настапот на Мина на макфестовската сцена, кој го изработил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски  – Зонде.
Како сето тоа изгледа и како звучеше макфестовската „Не можам без тебе“ на Мина Блажев, потсетете се и проследете во продолжение.

To top