Ќерката на познатите актери Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, Керис Зета Даглас (16) стана вистинска убавица!
Имаме можност да го видиме тоа на насловната страница на шпанското издание на „Vanity Fair“, во кое мајката и ќерката имаат заедничка модна фотосесија.
Овие две дами ја направија и првата заедничка кампања за модната куќа „Фенди“ и чантата наречена „Peekaboo“.
Видеото е направено во Рим, и ги прикажува Кетрин и Керис како се облекуваат и прикажуваат разни верзии на оваа хит торба од добро познатиот бренд.
– Поминавме одлично време на сетот. Имаме слично чувство за хумор, затоа секогаш се смееме кога сме заедно. Таа е најсмешната личност што ја познавам “, рече Керис за нејзината мајка.
Младата Керис е на добар пат да стане успешна и позната како нејзината мајка и татко.
View this post on Instagram