Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна ја раскина петгодишната врска со кореографот Милош Пауновиќ.
Оваа вест ја изненади јавноста бидејќи многумина очекуваа дека Милица и Милош наскоро ќе се најдат пред отлар.
По тој повод, Милица еднаш се огласи во медиуми и истакна дека повеќе не е со Милош, а како што пишуваа медиумите тие раскинале поради ненадминливите разлики во иднина.
Меѓутоа, нумерологот Гордана Драгишиќ во емисијата „Ало анализа“ откри кога пејачката ќе го запознае своето ново момче.
Таа вели дека на Милица ќе заплива во брачните води за 3 години.
„Па, за три години ќе се омажи, а за една година ќе влезе во многу убава емотивна врска. Пред тоа, не ја советувам да започне нова врска. Се што ќе започне оваа година, ќе доживее крај. Ќе доживее да се појават написи кои не и се потребни. Ние ја познаваме како едно ведро, слатко девојче. Брак, врска, семејство дури за три години“ вели астрологот.
На прашањето дали го познава својот иден партнер, Драгица вели:
„Не, овој човек кој Милица ќе го запознае кон крајот на 2020 или почетокот на 2021 година, најверојатно ќе го запознае преку некој настап. Милица својот судбински партнер ќе го запознае преку работата, а тоа навистина може да биде многу убава приказна. Овој човек не е од нејзината професија, тој човек би можел да се занимава со приватен бизнис. Станува збор за моќен маж“ вели нумерологот.
Инаку, Тодоровиќ од неодамна се повлече од медиумите, а ја снима и својата нова песна која ќе биде насловена „Једна љубов мање“.