Откако во српските медиуми се појави веста дека односот меѓу Џејла Рамовиќ, победничката на „Ѕвездите на Гранд“, и Марија Шерифовиќ која и беше менторка заладиле, младата пејачка реши да стави крај на сите гласини.
За потсетување, целата оваа приказна се појави затоа што Шерифовиќ ја „отследи“ Џејла на Инстаграм.
– Вистината е дека сè е во ред меѓу нас – изјави Рамовиќ за „Сцена“, навраќајќи се на одморот што го поминаа заедно.
– Уживавме во сè, Марија е таква што не може да ви биде лошо во секој момент – се присети пејачката и додаде дека многу луѓе биле заинтересирани за снимката каде Марија Шерифовиќ и истура вода во лицето додека спие на плажа.
– Мило ми е што оваа снимка беше причина за нечија насмевка. Претходно немаше такви екстремни настани (се смее), но секако не ме вознемири, беше многу смешно.
– Цело време што го поминав со неа учев од нејзините примери, без разлика дали преку подготовка за натпреварот, било во обични разговори или на концерти на кои присуствував. Секогаш има совет за мене – ја раскажа приказната Џејла, признавајќи дека не отсуствува од училиште заради нејзините чести настапи.
– Имам многу обврски, често настапувам и имам помалку слободно време. Немам премногу отсуства од почетокот на оваа учебна година. Настапите се претежно за време на викендите. Понекогаш имам и денови кога посакувам никој да не ме препознае, но навикнав на тоа, вели младата и надежна пејачка.