Oткако Меган Маркл се расплака во последното интервју, изгледа дека состојбата во кралското семејство се подобрува.
Како што пишуваат странските медиуми, Кејт Мидлтон одлучила да им помогне на принцот Хари и Меган Маркл бидејќи и е жал за војвотката која неодамна призна дека не се чувствува добро.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/megan-markl-se-rasplaka-pred-kamerite-mene-nikoj-ne-me-prashuva-kako-se-chuvstuvam/
Далеку од очите на јавноста, Кејт Мидлтон сака да ја поправи состојбата во семејството.
Во разговор за „Daily Mail“, поранешниот дописник на кралското семејство вели:
„Неофицијално, ми кажаа дека Кејт се труди да го собере семејството, повторно да ги зближи, да и помогне на Меган. Никој не сака да ја изневери кралицата. Ми кажаа дека Кејт и се јавила на Меган и зборувале преку телефон неколку пати. На Кејт и е многу жал, свесна е дека Меган се бори“ вели Фил Дампијер.
За потсетување, Меган во последното интервју изјави дека откако е во брак со принцот Хари и го роди синот Арчи, поминува низ многу тежок период, но никој никогаш не ја прашал како се чувствува.