Радио Милева

Адријана Лима сите добри гени ги должи на мајка си чија копија е (фото)

Адријана Лима сите добри гени ги должи на мајка си чија копија е (фото)

Манекенката и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима важи за една од најубавите жени во светот, а сега таа пред своите обожаватели откри од кого наследи насмевката, шармот и таа несекојдневна убавина.

Пред два дена, атрактивната Лима напиша емотивна порака по повод роденденот на нејзината мајка, а притоа сподели и нивна заедничка фотографија.

фото:инстаграм

– Денес е посебен ден. Ние ја славиме оваа неверојатна жена полна со живот, љубов, почит, лојалност, можам да продолжам вака до бесконечност… Таа е причината што постојам, таа е моја инспирација целиот живот. Жена која ме научи да ги почитувам луѓето без оглед на тоа кои се, да бидам искрена, да скам и никогаш да не се откажувам од своите соништа…Мојата хероина, мојата сила, мојата божица, мојата пријателка, мајка ми… Горда сум што сум твоја ќерка. Среќен роденден мамо – напиша Лима на Инстаграм.

фото:инстаграм
To top