Радио Милева

Ана Севиќ и Марина Гагиќ во прв ред на концертот на Дарко Лазиќ, а тој ја покани само неа да се појави на сцената (фото)

Ана Севиќ и Марина Гагиќ во прв ред на концертот на Дарко Лазиќ, а тој ја покани само неа да се појави на сцената (фото)

Дарко Лазиќ сношти (29.10.2019) во „Сава Центар“ го одржа својот  концерт насловен „Нов почеток“ со кој одбележи 10 години кариера и нов почеток во неговиот живот по тешката сообраќајна несреќа.

Имено, освен фановите кои едвај чекаа пејачот да се врати на сцената, на концертот  биле и многу негови колеги, но и екс сопругата Ана Севиќ со ќерката Лорена, и сегашната свршеница на Лазиќ, Марина Гагиќ.

фото: дамир дервишагиќ

Присутните во салата ги пееле хитовите на пејачот, а тој концертот го отворил со песната „Мајка“, првата песна која ја сними по несреќата.

Најемотивен момент на целиот концерт бил кога Лазиќ ја поканил својата ќерка на сцена Лорена која отрчала во прегратки на својот татко, а Ана пуштила солзи. Додека Лазиќ ја држел ќерката во прегратка ја отпеал песната „Верујем у љубав“.

фото: Принскрин/инстаграм

Свршеницата на Лазиќ, Марина Гагиќ која исто така била во прв ред на концертот, вели дека не и пречи што Севиќ е на концертот.„Зошто да ми смета?, кратко прокоментирала Марина.

фото: дамир дервишагиќ

Откако Дарко ја отпеал „Верујем у љубав“, Лазиќ ја отпеал и песната „Ти не личиш ни на једну“ која ја посветил на неговата свршеница.

По концертот,  пејачот направил и забава на која не се разделувал од свршеницата и цело време танцувал со неа.

За потсетување, Дарко во октомври претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај се спаси, а датумот кога преживеа го нарече свој втор роденден.

To top